Општина Градско отпочна со реализација на проектот за Подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција – на ул.1 во с.Подлес во должина од 480 метри во вредност од 2.234.000 ден. средства обезбедени преку Министерството за локална самуоправа – Биро за регионален развој (Центар за развој на Вардарски плански регион).
Оваа улица е од огромна важност за жителите на с.Подлес и има регионално значење бидејќи заедно со “Подлешкото езеро” нуди добар потенцијал за развој на туризмот во овоj крај.
ш