Заменик министерот Павлески, во посета на општина Градско!

1261

Во посета на Општина Градско беше Заменик министерот за локална самоуправа, Г.Дејан Павлески.
Целта на посетата е увид во реализацијата на проектите финансирани од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој. Во текот на 2019 година во општина Градско се реализираа 3 проекти со вкупна вредност од 8.062.798,00 денари од кои два се завршени додека третиот преку Центарот за развој на Вардарски плански регион е во фаза на реализација!
 Изградба на две улици во с. Водоврати во должина од 340 метри со што се подобруваат комуналните услуги и се овозможува полесен пристап до клучните објекти во селото. Вредноста на проектот е 1.976.744 денари од кои 11% се средства од општина Градско.
 Уште еден значаен проект за комуналното живеење на жителите од 5 населени места Уланци, Кочилари, Долно Чичево, Горно Чичево и Подлес е набавката на 150 канти за отпад и 50 поцинковани контејнери каде до сега немаше организирано собирање на отпад. Вредноста на проектот е 467.280,00 денари од кои општина Градско учествуваше со 11% сопствени средства.
 Изградба на откупен центар за земјоделски проеизводи кој е во фаза на реализација за кој конечно се надминати сите административно-технички пречки и за кој е продолжен рокот за изведба до 31.05.2020 година. Овој проект тежок 5.836.216 ден., е од огромно значење за сите жители на општина Градско, но и за жителите на соседните рурални општини во регионот.