Завршија градежните активности на „Илинденска“ (4 фаза)!

166
Заврши реконструкцијата на 4-тата фаза (најоштетената) од улицата „Илинденска“. Реконструкцијата на улицата вклучува и поставување на атмосферска канализација и бекатон патеки. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Градско, и изнесуваат 2.282.799,00 денари со вклучен ДДВ.
Изведувач на градежните работи е Ленди Груп -Скопје.