Завршено е асфалтирањето на ул.”Староградска” и ул.”Староградска Крак” во Долно Градско!

584

Заврши  асфалтирањето на ул.”Староградска” и ул.”Староградска Крак” во Долно Градско”. Општина Градско интензивно продолжува со градежните работи според Програмата за улици и патишта за 2021 година. Во следниот период ќе се имплементираат завршени постапки за јавни набавки за наредни проекти за реализација во општина Градско и тоа:

-Реконструкција на улица бр.1 во С.Ногаевци.

-Реконструкција на дел од Локалниот пат Градско – Подлес (одрон).

-Реконструкција на ул.Панко Брашнаров.

-Реконструкција на ул.бр.2 во с.Кочилари.

-Реконструкција ул.Илинденска – втора фаза.