Средствата за асфалтирање на овој локален пат се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион. Изградбата е во должина од 952,62 метри, а вредноста на реализацијата изнесува 5.770.097,00 денари со вклучен ДДВ. Општина Градско учествува со 10% кофинансирање за имплементација на инвестицијата.