Завршени се градежните работи за Реконструкција на улица „Илинденска“!

403

Со средства од Буџетот на општина Градско се реконструираше првата фаза од улицата „Илинденска“. Оваа улица е една од главните сообраќајници во населба Градско, па затоа и нејзиното ревитализирање е од голема важност за жителите од Градско, но и за дел од останатите населени места кои фреквентираат низ неа. Заедно со поставувањето на новиот асфалт улицата доби и атмосферска канализација. Вкупниот износ за реализација на овој проект изнесува 3.180.000,00 денари со вклучен ДДВ. Во следниот период се очекува да продолжи реконструирањето на улицата односно втора и трета фаза, за што се средствата обезбедени од Бирото на регионален развој и избран е најповолен понудувач.