Градско ќе добие нов, урбан лик!

1700

Општина Градско денес отпочна со реализација на проектот “Реконструкција на дел од ул.Александар Македонски – шеталиште со партерно уредување и одводнување” (од влезот на училиштето “Даме Груев” до плоштадот) во централното подрачје на Градско со вредност од 2.241.882,00 ден!
Проектот е финансиран од Буџетот на општина Градско, а изведувач на градежните работи е фирмата ДГТУ “Павер Трејд” ДООЕЛ Кавадарци.
Се известуваат жителите дека во периодот додека се изведуваат градежните работи просторот – локацијата за Пазар (во пазарен ден – Сабота) времено ќе се дислоцира на плоштадот и ќе се воведе времен режим на движење за пешаците!