Градоначалникот Нацков, на работна средба за поголем развој на бизнис можностите!

419

Градоначалникот на општина Градско, Г.Киро Нацков денес оствари средба со Г.Влад Сендларски, бизнисмен од Израел. На оваа работна средба се дискутираа можностите за имплементирање на нови проекти во општината. Господинот Седларски е заинтересиран за вложување и воведување на неколку инвестиции во делот на Централна Македонија, вклучувајќи и ја општина Градско. Бизнис секторот е моторот кој ја движи економијата, создава нови работни места и согласно ингеренциите на општината, Нацков потенцираше дека ќе излезе во пресрет на сите домашни и странски компании, со што ќе ги поттикне да инвестираат во општина Градско.