Градоначалникот на општина Градско, Г.Киро Нацков, изврши увид во почетокот на градежните работи на улицата „Илинденска“ (втора и трета фаза) во нас.Градско, која што ќе се реконструира со средства од Бирото за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, индикативно планирани средства за 2022 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.497.689,88 денари со вклучен ДДВ, од кои општина Градско учествува со 10 % од оваа сума, средства кои ќе се обезбедат од Буџетот на општината.
Home Активности Започнаа градежните работи за реконструкција на улицата„Илинденска“(втора и трета фаза) во нас.Градско!