Градоначалникот Нацков во посета на општина Хартберг, Република Австрија!

285
Оваа работна недела, Градоначалникот на општина Градско, Г.Киро Нацков, е во посета на општина Хартберг, регион Штаерска во Република Австрија, со што оствари средба со Градоначалникот Г.Маркус Марчич.
Целта на оваа работна посета е можноста за понатамошна соработка на општина Градско со општина Хартберг, пред сè во дејноста на давање на социјалните услуги, во насока на задоволување на потребите на сите целни групи, но и во други сфери на делување на локалната самоуправа.
Споделувањето на добри практики од Република Австрија која е една од најдобрите држави во Европа во областа на социјалните услуги, ќе ни овозможи да ги идентификуваме приоритетите во развојот на социјалните услуги согласно потенцијалот и ресурсите со кои располагаме.