Градоначалникот Бешовски упати честитка по повод 24 мај – Денот на македонските просветители и Рамазан Бајрам!

1551

Почитувани сограѓани!
Денес обележуваме два многу значајни празника, еден од христијанската и еден од муслиманската вероисповест
– Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и
– Рамазан Бајрам, најначајниот празник за сите муслимани – денот кога се слави основањето на исламот.
Поклопувањето на овие два празника во еден ден ја симболизира потребата за единство, еднаквост меѓу луѓето и повеќе од било кога нè обединува во заедничката борба против светската пандемија.
Заедно во неволјата и заедно во празнувањата, заедно во радоста и заедно во борбата. Вака обединети сме моќни и силни да излеземе на крај со сите предизвици и искушенија!
Нека е честит денот на просветата, на нашите просветни работници, ученици и верници!
Нека е честит денот на простувањето и обединувањето
Bajram Šerif Mubarеk Olsun!
Нека е за многу години!