Градоначалникот Бешовски ги посети најмалите жители во општина Градско!

790
И оваа година видовме насмеани и искрени детски лица, скромни желби и новогодишни честитки при посетата на учениците од прво одделение во ООУ “Даме Груев” како и дечињата од градинката “Кокичиња” во Градско. Преку дарувањето на новогодишните пакетчиња им посакавме здравје, среќа, детски радости и успеси.
Ведрите лица на дечињата ги видовме и на мониторот на оние кои имаат он-лајн настава и им препорачавме да ги почитуваат мерките, да си го штитат здравјето, но и да вложуваат во себе со давање на многу труд за стекнување на нови знаења.