Во селото Водоврати ќе се асфалтираат две улици!

1779

Потпишан договорот за изградба (асфалтирање) на улица бр.1 и улица бр.2 во село Водоврати со економскиот оператор ДПТУ “МИ КОМЕРЦ 2000 Златко” ДООЕЛ” Кавадарци .
Средствата се обезбедени од општина Градско и Министерството за Локална самоуправа – Биро за регионален развој преку проектот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.
Инвестицијата за реализација на овој проект е во висина од 1.976.744,26 денари.