Во завршна фаза е асфалтирањето на локалниот пат с.Долно Чичево кон Градско!

954

Општина Градско отпочна со асфалтирање на локалниот пат од с.Долно Чичево кон Градско (делница) во должина од 1,8 км во вредност 16.921.721,00 ден.
️Средствата за реконструкција се обезбедени од буџетот општина Градско (2.581.279,00 ден.) и Владата – Агенција за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој (14.340.440,00 ден) при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за мерка 321 – Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини!