Во Градско започна да се гради црквата „Св.Апостол Павле“!

469
Со благослов од Митрополитот Повардарски, г.Агатангел, во Градско започнаа градежните работи за изградбата на црквата „Св.Апостол Павле“.
„Драги браќа и сестри, со огромна духовна радост би сакале да Ве известиме дека во Градско на ден 13.07.2021 година (Вторник) во 11 часот од страна на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г.Агатангел, во сослужение на бројно македонско православно свештенство од Повардарската епархија ќе биде
ПОСТАВЕН И ОСВЕТЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ!“