Велигденска честитка од Градоначалникот Бешовски!

1337

Почитувани сограѓани,
верници од православната вера, од името на Советот на општина Градско и од мое лично име Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден.
Овој ден над деновите е симбол на победата над злото, симбол на верата во Бога и во себе, симбол на трпението и издржливоста.
За прв пат радоста до победата над смртта ќе ја прославиме сами дома наместо во Божјите храмови. Но, тоа нема да ја намали нејзината важност и нејзиното значење. Напротив сега повеќе од било кога порано ни треба силна верба, трпение, издржливост и победа над злото.
Ова искушение на издржливост и нашата решителност да ја победиме пандемијата е уште една причина да останеме дома за Велигден.
Христос Воскресна!
Останете дома!