Бог се јави – навистина се јави!

158
Радувајќи се на Исусовото крштевање, да се помолиме за здравје, убави мисли и дела, чест и достоинственост што ќе не следат и бидат постојано со нас.
Нека е честит и вековит овој голем ден Богојавление Христово – Водици. Нека ги следи среќа и бериќет оние што запливаа во водите на Вардар по светиот крст. Честитки за среќникот што го извади крстот од водата. Бог се јави, навистина се јави!