Бесплатни прегледи за рано откривање на рак на грло на матка!

441

Во Градско од денес започнаа бесплатни скрининг прегледи за рано откривање на рак на грло на матката кај женската популација. Прегледите ќе се изведуваат во наредните две недели. Истите се реализират во соработка со Министерството за здравство, Лекари специјалисти од Клиниката за Гинекологија и невладината организација UNFPA.

Сите заинтересирани кои сакаат да добијат преглед да се јават на телефонските броеви 070 338 014, 075 269 501 и  078 203 570 како би добиле термин.
Прегледите ќе ги извршуваат Лекари – специјалисти по гинекологија од Државна болница во Скопје. Истите ќе се изведуваат во мобилната амбуланта лоцирана на спортското игралиште во склоп на ООУ „Даме Груев“ во Градско, во период од 20 јануари до 03 февруари.
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес се целосна логистичка поддршка за реализација на прегледите. Ангажирани се шестмина од Основната организација од Градско.

Анализите покажуваат дека кај жените од општина Градско, процентот на болеста е во врвот на државни рамки и затоа овие бесплатни прегледи се реализираат токму тука.