Бесплатен оброк за сите ученици од I до V одделение!

153

Еден од позначајните проекти е Проектот за бесплатен оброк за сите деца од I до V одделение. Оваа година во месец мај беше спроведен пробно проектот со цел да се провери заинтересираноста кај родителите и децата за добивање на ист оброк кај сите деца како не би се правеле разлики и да се испита дали би биле задоволни од понуденото мени. Резултатите од анкетата што ја спроведовме по завршување на пробниот период беше очекувано позитивно прифатена и пофалена.

Затоа како што ветивме од оваа учебна година ќе се обезбеди бесплатен оброк за сите деца од I до V одделение за целото времетраење на учебната година, за вкупно 181 ученик. Спроведовме јавна набавка и избрана е фирмата која ќе ја врши доставата на оброкот, а тоа е СПЕЦИЈАЛ ПРОДУКТ од Скопје.