Асфалтирана улицата бр.4 во село Виничани!

339

Заврши асфалтирањето на улица бр.4 во село Виничани. Се изгради нова локална сообраќајница во должина од 196,60 метри.
Средствата обезбедени за имплементација се издвоени од Буџетот на општината во висина од
1.224.604,00 денари.

Со изградбата на оваа улица, жителите ќе добијат олеснет пристап до своите семејни куќи и централното подрачје, со што се заокружува поголема целина на изградена патна улична мрежа.