Денес, 29.06.2019 год., во официјална посета на општина Градско, престојуваше Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи г. Оливер Спасовски , Заменик министерот за внатрешни работи г. Агим Нухиу, државните советници во кабинетот на министерот г.Ветон Кранлиевски и г. Рефик Черими, претставници од Македонскиот Полициски Синдикат, началникот на СВР Велес, г.Злате Јаневски и водичот на ПК Градско Наце Донев , за да се запознаат со работата на општината, работата на Советот на општината , како и да присуствуваат на Седницата на Локалниот Совет за превенција.
Претседателот на Советот Александар Јорданов и членовите на Советот на општина Градско и членовите на Локалниот Совет за превенција, чиј претседател е Градоначалникот г.Роберт Бешовски, ги детектираа и анализираа определените безбедносни проблеми во општина Градско и детално пристапија кон нивно решавање на целовкупната безбедност и сигурност во општината.