Денеска во посета на општина Градско беше амбасадорот на Република Франција Неговата Екселенција Кристиан Тимоние.

Целта на посетата на Амбасадорот беше да се запознае со општина Градско, како со локалната самоуправа, така и со вкупниот општествено-политички, културен живот во оптштината и богатото културно историско минато и плановите за развој и урбан напредок на општината и подобар стандард на жителите.

Неколку часовниот престој во нашата општина амбасодарот го искористи за посета на манастирот Св.Архангел Михаил и Германските гробишта од Првата светска војна.

Политичкиот живот на општината се отслика преку средбата на Амбасадорот со изборните штабови на најголемите политички партии, а бизнис климата преку посетата на откупно дистрибутивниот центар ладилникот на фирмата НИКОМ.

Бидејќи посетата на Амбасадорот Тимоние е во месец март кој на светско ниво е прогласен за месец на Франкофонијата, Амбасадорот го посети и ООУ „Даме Груев“, каде што се изучува француски јазик.

Општина Градско очекува оваа прва средба да отвори простор за подолгорочна соработка на културен и економски план и простор за реализација на проекти значајни за општината.