Уредени училишните дворови во ООУ„Даме Груев“!

5
Со поставените нови кошеви, фудбалски стативи и нова ограда заврши уредувањето на спортското училишно игралиште во Градско. Игралиштето е оградено со цврста железна ограда, со што во голема мера се зголемува сигурноста за непречено одвивање на наставата по физичко образование.
Се заврши и со поставување на бекатон плочки во училишните дворови во Виничани, Ногаевци и Водоврати,како и просторот пред џамијата во Водоврати.