Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 168/18) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови во Општина Градско за 2020 година со Одлука бр. 08-522/8 од 30.12.2019 година, од Советот на Општина Градско, Градоначалникот на Општина Градско го дава следното:

                    С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ГРАДСКО, ОПШТИНА ГРАДСКО

Се известуваат граѓаните на Општина Градско дека Градоначалникот на Општина Градско донесе Решение за започнување постапка за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ГРАДСКО, ОПШТИНА ГРАДСКО предлог плански период 2020-2030 година, тех.бр.17/20 од март 2020 година, изработен од ДПТИ УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, со површина од 202.66ха.

Местоположбата на планскиот опфат  го опфаќа атарот на село Градско, додека самата граница на планскиот опфат е одредена со површината населена со селско население заедно со локациите за функциите кои се потребни за уредување на населеното место.

Јавната презентација по ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ГРАДСКО, ОПШТИНА ГРАДСКО, предлог план плански период 2020-2030 година ќе се одржи  на ден 21.04.2020 година (вторник) со почеток во 12:00h во просториите на Општина Градско.

Јавната анкета ќе се спроведе во периодот од 15.04.2020 година до 23.04.2020 година и ќе трае 5 работни дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, кои можат да ги подигнат од просториите на Општина Градско.

ГРАДОНАЧАЛНИК на општина Градско, Роберт Бешовски.