Со поддршка на Владата од 51% од вкупниот пријавен износ за покривање на доспеани, а неплатени обврски, преку Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа, општина Градско ги исплати средствата на доверителите за заостанатите долгови кои беа на терет на општината долги години наназад.

ДОВЕРИТЕЛИ КОИ СЕ ИСПЛАТЕНИ ОД СРЕДСТВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕЛС ПРОГРАМА

1. ПЗУ ЖАН МИТРЕВ – за утужен долг по налог за извршување ИБР.435/15 – долгот е направен за извршена операција – Аорткоронарен бајпас на лицето Јадранка Кузманова од Градско на ден 06.05.2009 година.
• Исплатен износ во висина од 328.988,00 денари.

2. АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА – за утужен долг по налог за извршување ИБР.1124/15 – долгот е производ на повеќе неплатени фактури за потрошена електрична енергија во периодот од 31.08.2009 година до 28.05.2011 година.
• Исплатен износ во висина од 1.715.222,00 денари.

3. ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА – за утужен долг по налог за извршување ИБР.890/16 – долгот произлегува од една фактура за Вршење на стручен надзор при реализација на градежни проекти во 2012 година – Санација – зајакнување на АБ мост на река Вардар на локален пат Градско – с.Ногаевци и асфалтирање – поплочување на улици во Општина Градско. Фактурата е изготвена врз основа на Договор бр.02-121/12 од 08.06.2012 година.
• Исплатен износ во висина од 393.817,00 денари.

4. АДВОКАТ НИКОЛА РИСТОВСКИ – за утужен долг по налози за извршување ИБР.330/15, 331/15, 332/15, 333/15, 339/17 и 392/17
 долгот по налог ИБР.330/15 е врз основа на Пресуда ПЛ1-ТС бр.546/13,
 долгот по налог ИБР.331/15 е врз основа на фактура за давање на правна помош во судски предмети ПЛ1-ТС бр.375/11 , ПЛ1-ТС бр.8/12 и ПЛ1-ТС бр.151/13 по трошковник од 10.10.2013 година врз основа на пресуда ПЛ1-ТС бр.505/13,
 долгот по налог ИБР.332/15 е врз основа на Пресуда ПЛ1-ТС бр.1076/14 каде главен долг се процесните трошоци;
 долгот по налог ИБР.333/15 е врз основа на Пресуда ПЛ1-ТС бр.1579/14 каде главен долг се процесните трошоци;
 долгот по налог ИБР.339/17 е врз основа на Пресуда ПЛ1-ТС бр.92/15 каде главен долг се однесува на испуштена материјална корист во периодот 12.05.2014 до 26.01.2016 година;
 долгот по налог ИБР.392/17 е врз основа на Пресуда ПЛ1-ТС бр.1215/16 каде главен долг се трошоци за поднесен одговор по жалба;
• Исплатен износ во висина од 536.305,00 денари.

5. АДВОКАТ ПЕТРЕ ГЕОРГИЕВСКИ – за утужен долг по налози за извршување ИБР.453/15, 1030/16 И 689/17
 долгот по налог ИБР.453/15 е врз основа на Решение УПДР.бр.846/15 од 09.05.2015 а се однесува на главен долг кој произлегува од повеќе фактури за правно застапување и адвокатски услуги за периодот од 30.11.2013 до 30.04.2015 ;
 долгот по налог ИБР.1030/16 е врз основа на Решение УПДР.бр.1747/16 од 23.11.2016 година, а се однесува на главен долг кој произлегува од повеќе фактури за правно застапување и адвокатски услуги за периодот од 18.09.2015 до 12.11.2016;
 долгот по налог ИБР.689 е врз основа на Решение УПДР.бр.182/17 од 24.10.2017 година, а се однесува на главен долг кој произлегува од повеќе фактури за правно застапување и адвокатски услуги за периодот од 29.12.2016 до 26.07.2017;
• Исплатен износ во висина од 505.462,00 денари.

6. СЕКУРИСАТ – за утужен долг по налог за извршување ИБР.908/15, долгот се однесува за физичко обезбедување на објекти за периодот од 01.03.2012 до 31.10.2012 година.
• Исплатен износ во висина од 198.040,00 денари.

7. ВФВ ЕВРОТЕК – за утужен долг по налог за извршување ИБР.1422/15, долгот произлегува од фактура за градежни материјали (неармирани бетонски кругови набавени за потребите на ЈКП Клепа за копани бунари во село Градско, бетонски ивичњаци, бетонски неармирани каналетки). Фактурата е од 11.01.2013 година збирно за сите наведени материјали а истите по испратници се набавувани етапно.
• Исплатен износ во висина од 284.064,00 денари.

8. ИМАКО – за утужен долг по налог за извршување ИБР.392/15, долгот произлегува од неплатена втора времена ситуација и дел од прва времена ситуација за извршени градежни работи заклучно со март 2012 година за Доградба на систем за водоснабдување во с.Виничани по Договор бр.02-34/14 од 10.03.2010 година.
• Исплатен износ во висина од 823.553,00 денари.

9. ГЕОМАП ИНЖЕНЕРИНГ – за утужен долг по налог за извршување ИБР.81/18, долгот произлегува од фактура бр.72/2017 од 06.10.2017 година издадена врз основа на Договор бр.09-230/8 за Геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога за потребите на Изготвувањето на Урбанистичкиот план за село – Градско.
• Исплатен износ во висина од 76.173,00 денари.

10. СТРЕЛЕЦ ТРАНС – за неутужен долг по повеќе фактури за чистење на снег во село Градско, локален пат за с.Чичево, брана Подлес – село Подлес, во месец јануари 2017 година.
• Исплатен износ во висина од 252.293,00 денари.

11. ТЕКТОН ИНЖЕНЕРИНГ – за утужен долг по налог за извршување ИБР.378/18 , а долгот произлегува од повеќе фактури за следните намени: Изработка на Основен проект со ревизија за ул.29 Ноември и ул.Илија Ѓошев, Изработка на основен проект и проект за инфраструктура со ревизија за новопроектирана патна мрежа за ул.Питу Гули, Изработка на основен проект и проект за инфраструктура со ревизија за новопроектирана патна мрежа за ул.Славе Ефтовски, Изработка на основен проект и проект за инфраструктура со ревизија за новопроектирана патна мрежа за ул.Димче Мирчев, Изработка на основен проект и проект за инфраструктура со ревизија за новопроектирана патна мрежа за ул.Димитар Влахов, Изработка на Проект за инфраструктира за Улица 2 во село Виничани со ревизија во периодот од 21.01.2015 до 11.05.2015 година.
• Исплатен износ во висина од 511.597,00 денари.

12. ЛИСА КОМ – за неутужен долг по фактури за дезинфекција, дезинсекција и дератизација спроведена во 2016 и 2017 година.
• Исплатен износ во висина од 141.300,00 денари.

13. ГАМА ГРАДБА – за неутужен долг, за неплатен дел (ДДВ) од завршна ситуација бр.09-189/10 од 28.09.2017 година за проект Изградба на дел од локален пат за село Грнчиште.
• Исплатен износ во висина од 132.051,00 денари.

14. ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ – за утужен долг по Пресуда ПЛ1-ТС.10/17 од првостепен суд потврдена со Пресуда ТСЖ-1022/17 од Апелациониот суд Скопје. Долгот произлегува од повеќе фактури за реконструкција на капацитети за водоснабдување, замена на електромотори,сервисирање на хлоринатори, доградба на пумпна станица во с.Чичево и реконструкција на пумпна станица с.Ногаевци, демонтажа и монтажа на пумпи во периодот од 2004 година до 2013 година.
• Исплатен износ во висина од 799.052,00 денари.

15. АКВАНЕТ – за утужен долг по налог за извршување ИБР.1004/16, долгот произлегува од три фактури за ископ со ровокопач, ПЕ цевки и црева со различни димензии, ископ на бунари и други материјали за капацитетите за водоснабдување во 2012 година.
• Исплатен износ во висина од 1.140.550,00 денари.

16. ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ – за неутужен долг за неплатен дел (ДДВ) од завршна ситуација бр.05-197/1 од 09.05.2017 година за проект Изградба на фекална канализација во с.Водоврати.
• Исплатен износ во висина од 863.220,00 денари.

17. ВЕЧЕР ПРЕС – за неутужен долг за две неплатени фактури за објава на огласи во дневен весник во 2016 и 2017 година.
• Исплатен износ во висина од 48.855,00 денари.

18. ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ- за утужен долг по налог за извршување ИБР.1311/15, долгот произлегува од повеќе фактури , две од 2005 година, две од 2006 година, една од 2007 година , една од 2008 година (се работи за постари фактури кои ги има како задолжување во финансиската картица на доверителот, но како документ ги немаме во сметководството за да образложиме за која намена се однесуваат. Со оглед на тоа дека се опфатени во налогот за извршување веројатно во самата постапка се приложени). Во документацијата ја имаме само фактурата од 2012 година која се однесува на Изработка на Основен проект за локален пат од Брана Подлес до с.Подлес за дел во должина од 920м согласно договор бр.03-466/1 од 01.10.2012 година.
• Исплатен износ во висина од 802.726,00 денари.

19. ЈКП КЛЕПА – за неутужен долг за повеќе неплатени фактури за потрошена вода фактурирана за објектот административна зграда на Општината и објектот Дом на Културата во Градско во периодот од 2011 година до 2017 година .
• Исплатен износ во висина од 347.412,00 денари.

20. ОПШТИНА ВЕЛЕС – за неутужен долг за две неплатени фактури кои произлегуваат од Договор за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Градско и Општина Велес. Едната фактура се однесува на давање на интелектуали услуги – изработка на ревизорски план и изработка на извештај со акционен план во 2014 година, а другата се однесува на интервенција за гаснење на пожари на територијата на Општина Градско во 2017 година.
• Исплатен износ во висина од 106.910,00 денари.

21. ЗЕЛС – за неутужен долг за повеќе неплатени фактури воглавно за членарина и тоа за 2011, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 година како и две фактури за обука од областа на примена на општата управна постапка во надлежностите на ЕЛС (урбанизам и градежништво) во 2010 година, како и почетна обука и полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување на градежно земјиште на двајца вработени во 2011 година.
• Исплатен износ во висина од 305.370,00 денари.

22. ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН – за неутужен долг за повеќе неплатени Договори за кофинансирање на Центарот за развој на Вардарски Плански Регион кој се потпишува од страна на градоначалниците на сите општини кои се во негов состав за периодот од 2010 до 2017 година.
• Исплатен износ во висина од 275.800,00 денари.

23. МАКЕДОНСКА ПОШТА – за утужен долг по налог за извршување ИБР.744/16, долгот произлегува од повеќе неплатени фактури за поштенски услуги во периодот од 2013 година до 2016 година.
• Исплатен износ во висина од 174.919,00 денари.

24. ЕВРОСТИЛ – за утужен долг по налози за извршување ИБР.621/15 и 712/15, долгот по ИБР.621/15 произлегува од неплатени фактури за набавка на материјали за одржување на улично осветлување и самата услуга за одржување на уличното осветлување во периодот од 08.10.2012 до 24.12.2014, додека долгот по ИБР.712/15 произлегува од неплатени фактури за 01.03.2015 до 13.10.2015 година за набавка на материјали за одржување на улично осветлување. Со предвидените средства во Извештајот ќе се плаќа само дел од обврската по двата налози за извршување поради ограничени средства кои ни стојат на располагање.
• Исплатен износ во висина од 2.170.182,00 денари.

25. ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ВЕЛЕС – за утужен долг по налог за извршување ИБР.335/16, каде долгот произлегува од три неплатени фактури, едната за стручно мислење за потребата од спроведување на превентивна дезинсекција против комарци и други причинители на вектор преносливи заболувања на територијата на општина Градско во 2013 година, друга фактура за извршен санитарен преглед на лицата Ирена Димова и Горица Андреева во периодот од 01.02.2014 до 28.02.2014 година и последната фактура повторно е за извршен санитарен преглед на лицата Ирена Димова и Горица Андреева во периодот од 01.11.2014 до 30.11.2014 година.
• Исплатен износ во висина од 40.545,00 денари.

26. МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – за утужен долг со исклучок на последната фактура доставена во 2018 година. Долгот произлегува од повеќе фактури кои се за регулирање на трошоци за одржување на пругата и патот, постојките и уредите што им служат на пругата и патот на места на вкрстување на општинскиот пат со железничката пруга во ниво за периодот од 2014 година до 2018 година, каде на годишно ниво фактурата изнесува 268.383,00 денари. Со предвидените средства во Извештајот се плаќа само дел од обврските поради ограничени средства кои ни стојат на располагање и тоа дел по налог ИБР.315/15 и ИБР.987/16 и дел од фактура за 2018 година.
• Исплатен износ во висина од 655.174,00 денари.