Градоначалникот Нацков на средба со Организација на жени од општина Демир Капија!

290
Градоначалникот на општина Градско оствари средба со Организацијата на жените “Женско Лоби”- Демир Капија кои го реализираа проектот “Активни рурални жени, силни заедници” каде беа вклучени и жени од населените места Ногаевци, Виничани и Водоврати.
Учесничките доставија листа со барања и предлог решенија за актуелните проблеми, кои се приоритетни на женскиот пол од овие населените места. Со ова докажуваме дека постигнувањето на еднаквост меѓу жените и мажите стана главна цел и составен дел од локалната заедница.