АПРИЛИЈАДА 2024

5

Општина Градско во соработка со ООУ„Даме Груев“ организираше традиционална манифестација по повод 1 Април – Денот на шегата. На манифестацијата учествуваа сите ученици од училиштето, како и најмладите, дечињата од детската градинка „Кокичиња“. Најпрво на дефилето низ Градско, а потоа во амфитеатарот во центарот на Градско можеше да се видат насмеаните лица во шарени костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.