Добредојдовте во Општина Градско

 

Почитувани ,

 

Ми претставува задоволство да Ве поканам да ја посетите Општина Градско, да се запознаете со нејзините природни убавини, стопански потенцијал, историја и култура. Во Градско ќе Ве пречекаат срдечно, со отворено срце и топло добредојде во сите населени места на општината.

 

На љубителите на планините им препорачувам да се качат на Клепа и од нејзините врвови да уживаат во погледот во срцето на Македонија. Љубителите на ловот можат да ја користат недопрената природа богата со дивеч, а риболовците да одберат меѓу вештачката акумулација Подлес и реките Вардар и Црна Река.

 

Централната поставеност на општината, железничката и патна комуникација го прави Градско неминовна дестинација на сите што поминуваат низ Македонија. Затоа и Вие застанете, посетете го локалитетот Стоби, вкусете од вината на истоимената винарија и уникатните специјалитети. Ќе ја почуствувате магијата на вечноста на овој простор, ќе ги чуете приказните што ги раскажуваат реките и бидете сигурни дека ќе дојдете повторно.

 

Со почит,
ГрадоначалникНа Општина Градско
Роберт Бешовски




Кратка биографија

Роберт Бешовски е роден на 22 јули, 1970 година , во Велес. Во 1995 година дипломирал на УКИМ – Филозофски факултет група одбрана и заштита. Од 1996 година до 2000 година е член на советот на општина Градско. Од 2000 година се до избор на градоначалник вработен во општина Градско како советник – комунален инспектор. Оженет, татко на две деца.