Покана за петта сесија од буџетските форуми

Почитувани граѓани на Општина Градско ,

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на Петтата сесија од Буџетскиот форум на заедницата во нашата Општина Градско , која ќе се одржи 02.12.2016 (петок) во Стоби винарија“  со почеток од 14:00 часот .

Општина Градско го реализира проектот „ Форуми во заедницата“, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

„Буџетскиот форум“ е форма преку која граѓаните , заедно со органите на општината и општинската администрација треба да го креираат Буџетот на Општина Градско за 2017 година.

Вашето присуство е од исклучително значење за целиот процес , но и за развојот на Општината.