Покана за четврта сесија од буџетските форуми

Во изминатите три сесии граѓаните беа запознаени со процесот на буџетирање и со структурата на Буџетот на Општина Градско . Исто така граѓаните – учесници во Буџетскиот форум заедно со општинската администрација работеа и на предлози и можности за зголемување на приходите на Општината за 2017, а помеѓу сесиите успешна работа имаше и работната група составена од претставници од секоја маса и од претставници на локалната самоуправа.  Третата сесија беше наменета за расходи по три Буџетски Програми , а со оваа четврта се обработуваат уште пет , со што го завршуваме циклусот на предлози и на наредната петта сесија ќе пристапиме кон гласање и приоретизација на проектите. 

Затоа Ве покануваме да присуствувате на четвртата сесија од буџетските форуми во петок, 11 Ноември, во 15:00 часот, во Винарија „Стоби“.