Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Општина Градско, на ден 25.10.2016 година, донесе

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

1. За планскиот документ Урбанистички план за село Градско, општина Градско, кој го донесува општина Градско потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

 

2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички план за село Градско, општина Градско се определуваат следните: општина Градско, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија.

 

3. За планскиот документ Урбанистички план за село Градско, општина Градско, за чија изработка е одговорно УРБАНПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, а го донесува општина Градско, донесувањето на планскиот документ Урбанистички план за село Градско, општина Градско ќе има влијание врз животната средина.

 

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комуналeн и градежен отпад и влијание од несреќи и хаварии.

 

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Градско на следната веб адреса/и: www.gradsko.gov.mk  

  Градоначалник

Жанета Чаушевска

Формулар 

Податоци за органот кој го изработува планскиот документ

Назив на планскиот документ

Урбанистички план за село Градско, општина Градско

Орган надлежен за изработка на планскиот документ

УРБАНПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес

Орган надлежен за донесување на планскиот документ

Општина Градско

 

Податоци за изработувачот на планскиот документ

Име на лицето овластено за подготвување на планскиот документ

Биљана Тасева, диа

Овластување бр. 0.0367

Назив на работното место

Управител

Контакт податоци за лицето

Ул. Никола Оровчанец бр. 1, 1400 Велес

Тел. 043/222-744; 070/222-848

 


 

Основни податоци за планскиот документ

Од што произлегува донесувањето на планскиот документ? (пр. законска обврска или друга одредба)

Основа за изработка на планската документација Урбанистички план за село Градско, Општина Градско ќе бидат истражните работи, како и:

  • Извод од Просторен план на РМ - Услови за планирање на просторот;
  • Ажурираната геодетска подлога, и
  • Планската програма.

Урбанистичкиот план за село Градско ќе се изработи согласно методологијата пропишана во важечката законска и подзаконска регулатива:

  • Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16);
  • Правилникот за поблиската содржина, форма и начин на обработка на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место и регулациски план на генерален урбанистички план, формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичко-плански документации и архитектонско-урбанистичкиот проект и содржината, формата и начинот на обработка на проектот за инфраструктура (Сл. Весник на РМ бр. 142/15); и
  • Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 142/15, 217/15, 222/15, 228/15 и 35/16).

Дали се донесува нов плански документ или се вршат измени на постојниот?

Да

Не Х

Доколку се врши измена на постоечки плански документ наведете го називот на стариот плански документ и причините за негово изменување?

Не.

Дали планскиот документ опфаќа област определена со член 65 став 2 од Законот за животна средина? Доколку одговорот е ДА наведете ја областа.

ДА – просторно и урбанистичко планирање.

Дали планскиот документ е определен со уредбата за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето. Доколку е определен наведете ја точката и алинејата под која е определен. (пр. член 3, точка 1, алинеја 5)

 

Да

Не √

Член: /

Точка: /

Алинеја: /

Дали со планскиот документ се планира реализирање на проект што е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина. Доколку одговорот е позитивен наведете за каков проект станува збор.

На ниво на план не е утврдено дали проектите влегуваат во Прилог I или Прилог II, односно Проекти за кои задолжително се врши оцена на влијанијата врз животната средина или се утврдува потребата од спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина.

Дали планскиот документ опфаќа користење на мала област од локално значење како што е определено со член 65 став 3 од Законот за животна средина. Доколку одговорот е ДА, наведете ја површината на областа и нејзиното значење.

Не.

Да се наведе целта на донесување на планскиот документ и да се опише клучната одлука која ќе се донесе.

Задача на планската документација е изработка на Урбанистчки план за село Градско, со која ќе се постигнат следните цели:

1. Усогласување на Урбанистичкиот план за село со поставките на Просторниот план на РМ;

2. Дефинирање на единици на градежно земјиште за просторна дистрибуција на планираните намени и дефинирање на плански услови за организација, уредување, изградба, развој и користење на земјиштето и градбите застапени со планираните основни намени;

3. Дефинирање на примарна и секундарна сообраќајна инфраструктура – улична мрежа и пристапи до единиците на градежно земјиште формирани во рамките на планскиот опфат;

4. Оптимално дефинирање на мрежи и објекти од комуналната инфраструктура;

5. За единиците на градежно земјиште формирани во рамките на планскиот опфат да се дефинираат услови за:

- заштита и унапредување на животната средина, природното наследство и културното наследство;

- заштита и спасување, заштита од пожари, воени разурнувања и природни катастрофи;

- движење на лица со посебни потреби;

- урбано зеленило и озеленетост;

- други услови кои произлегуваат од специфичноста и карактеристиките на просторот на единиците на градежно земјиште.

Предмет на планскиот документ. (пр. транспорт, планирање на просторот и сл.)

Планирање на просторот.

Периодот за донесување на планскиот документ.

2016-2026 година.

Предвидено ревидирање на планскиот документ. Доколку е предвидено ревидирање, на колку години?

10 години.

Простор или област опфатени со планскиот документ. (пр. географска област, добро е да се прикачи мапа)

Површината на планскиот опфат во рамки на опишаните граници изнесува вкупно 235.35 ха. Границата на планскиот опфат на УПС Градско, Општина Градско е прикажана на графичките прилози, со линија која ги поврзува сите прекршни точки со редни броеви од 1 до 549, а за секоја точка табеларно се дадени следните параметрите по x и y координати.

 

Целите и/или предлог целите што треба да се постигнат со реализирањето на планскиот документ и дали истите се содржани во акт или документ.

Да √

Не

Дали е приложена копија од целите?

Да

Не √

 

Резиме на влијанијата врз животната средина

(Да се определи дали имплементацијата на планскиот документ ќе предизвика значително влијание врз животната средина, потребно е да ги пополните прашањата кои следат подолу како водич за определување на значителното влијание на ефектите врз животната средина, а кои се во согласност со Уредбата за критериумите врз основа на кои се донесуваат одлуките дали определени плански документи  би можеле да имаат значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.)

Потенцијалните влијанија врз животната средина од планскиот документ можат да настанат од:

Несоодветното управување со генерираниот отпад, отпадните води, влијанија врз амбиенталниот воздух.

Веројатноста, времетраењето, фреквентноста и повратноста на влијанијата;

Со реализација на планскиот документ ќе се постигне рационално искористување и уредување на просторот.

Кумулативната природа на влијанијата врз животната средина и животот и здравјето на луѓето

Не се очекуваат кумулативни влијанија врз животот и здравјето на луѓето.

Прекугранична природа на влијанијата;

Нема.

Ризиците по животот и здравјето на луѓето и животната средина (пр. како резултат на несреќи);

Опасност од ризици врз здравјето на луѓето или животната средина  може да се јават како резултат на несреќи и хаварии.

Опсег и просторниот обем на влијанијата (географска област и големината на популацијата која ќе биде засегната).

Тргнувајќи од определбата дека популациската политика преку систем на мерки и активности треба да влијае врз природниот прираст, се оценува дека за обезбедување на плански развој и излез од состојбата на неразвиеност се наметнува водењето активна популациска политика во согласност со можностите на социо-економски развој на Републиката. Во овие рамки треба да се води единствена популациска политика со диференциран пристап и мерки по одделни подрачја, со цел да се постигне оптимализација во користењето на просторот и ресурсите, хуманизација на условите за семејниот и општествениот живот на населението, намалување на миграциите, како и создавање на услови за порамномерен регионален развој на Републиката.

Според Пописот од 2002 година, Општина Градско брои 3760 жители.

Потенцијалните економски и социјални влијанија кои би ги предизвикал планскиот документ како што се:

Позитивно влијание врз социо-економските развој на општината, отварање на нови работни места, зголемување на стапката на економски раст, стимулирање на развојот на останатите дејности, проектирањето, комуналните дејности, градежништвото, трговијата, начинот на живеење и сл., зголемување на приходите на локалната самоуправа, подобрување на комуналната инфраструктура и уреденост на просторот.

Вредноста и ранливоста на областа која ќе биде засегната со донесување на планскиот документ:

Нема.

Посебни природни карактеристики или културно наследство

Согласно Студијата за заштита на природното наследство, изработена за потребите на Просторниот план на Република Македонија на просторот кој е предмет на разработка на Урбанистички план за село Градско, Општина Градско, нема регистрирано ниту евидентирано природно наследство.

На подрачјето кое е предмет на анализа има регистрирани недвижни

споменици на културата (Експертен елаборат):

1. Археолошки локалитет Стоби, Градско, праисторија до Византија

2. Археолошки локалитет Мушинска Лака, Градско, римски период.

Во Археолошката карта на Република Македонија, која ги проучува

предисториските и историските слоеви на човековата егзистенција, од

најстарите времиња до доцниот среден век, на анализираното подрачје, се евидентирани следните локалитети:

  • КО Градско – Стоби, градска населба од античкото време на утоката на Црна Река во Вардар.

Надминувањата на стандардите за квалитет на животната средина или граничните вредности

Нема гранични вредности.

Интензивна употреба на земјиштето

Во рамките на планскиот опфат на овој урбанистички план за село во најголем процент изградените градби се со намена домување во селско стопански дворови. Во согласност со функцијата која се одвива во изградените градби, во рамките на планскиот опфат се наоѓаат и се планираат следниве основни класи на намени:

А - домување;

Б - комерцијални и деловни намени;

В - јавни институции;

Г - производство, дистрибуција и сервиси;

Д - спорт, зеленило, рекреација и меморијални простори; и

Е - инфраструктура.

Влијанијата врз областите или пејсажите кои имаат признат статус на национални или меѓународни заштитени подрачја.

Нема.

Објаснете го степенот до кој планскиот документ поставува рамка за спроведување на проекти и други активности, во однос на локацијата, природата, големината и условите за работа или според одредувањето на ресурсите:

Со донесувањето на овој план ќе следат поголеми странски и домашни инвестиции од различни сфери од економијата. Со Урбанистичкиот план се создаваат предуслови за развој на локалната економија и ефектуирање на даночната обврска на сопствениците за плаќање данок на имот што претставува значаен извор на приход на локалната самоуправа.

Овој приход мултиплицирано ќе овозможи зголемување на фондовите на општината и  развој на повеќе дејности од нивна надлежност со што ќе се овозможи посредно повисок степен на задоволување на потребите и зголемување на квалитетот на услугите кои што локалната самоуправа ги дава на своите граѓани.

Објаснете ја околината во близина на проектот односно активноста која се планира да се спроведе со планскиот документ од аспект на можни влијанија врз животната средина. (пр. планот предвидува изградба на резиденцијални објекти во близина на индустриска зона, објаснете дали индустриската зона ќе има влијание врз животната средина на планираните резиденцијални проекти):

Во близина на планскиот опфат нема резиденцијални објекти.

Објаснете ја важноста на планскиот документ за вклучување на аспектот на заштита на животната средина особено во поглед на промовирањето на одржливиот развој:

(Да се наведе дали обемот на планскиот документ придонесува кон одржливоста и намалување на еколошките проблеми. Пр. еден инфраструктурен план може да има поголеми влијанија врз животната средина отколку некој образовен план на наставните планови)

Имплементацијата на планските содржини предвидени со планот со контролирани емисии во медиумите од животната средина ќе допринесе за стопански развој во општина Градско, од аспект на приходи од комунални такси и даноци, зголемено вработување и намалување на невработеноста и сл.

Но, од аспект на животната средина во оперативната фаза може да се генерираат емисии кои може да предизвикаат влијанија врз медиумите од животната средина, односно:

Воздух: зголемена фрекфенција на возила, работни активности на објектите;

Бучава: зголемено ниво на бучава од превозните средства, а исто така и од работните активности кои ќе се изведуваат во други планирани објекти;

Вода: на предметната локација ќе се генерираат санитарни и атмосферски отпадни води;

Почва: несоодветното управување со емисиите во воздух, отпад и отпадни води генерирани во рамките на планскиот опфат може да го нарушат квалитетот на почвата;

Природно и културно наследство: на предметната локација има недвижни споменици на културата;

Пејсаж: планскиот опфат не располага со карактеристичен природен пејсаж;

Транспорт: зголемена фрекфенција на возила;

Отпад: генерирање на отпад.

Од аспект на одржливост, донесувањето на планот позитивно ќе влијае врз:

-       Привлекување на нова работна сила и вработување, намалување на сиромаштијата;

-       Допринос во локалната и национална економија.

Кои еколошки проблеми се релевантни за планскиот документ. Опишете зошто истите се релевантни и опишете ја нивната природа и сериозност.

(Објаснете ги проблемите кои спроведувањето на планскиот документ може да ги предизвика или да доведе до нивно зголемување, проблемите кои може да го забават неговото спроведување, како и проблеми кои спроведувањето на планскиот документ може да ги реши или намали.)

Неправилно управување со отпадот, начинот на греењето на објектите, неправилно постапување со отпадните води од објектите може да доведат до загадување на животната средина и здравјето на човекот. Целокупната активност во оваа област ќе се насочува кон обезбедување на непречен развој при истовремена заштита на животната средина.

Објаснете како планскиот документ кој е предмет на разгледување е поврзан со друг/и плански документ/и во хиерархијата на планирање. Наведете го називот на тој/тие плански документ/и и наведете ги клучните влијанија на тие плански документи врз животната средина.Определете ги разликите во клучните одлуки што се носат со предметниот плански документ и другите плански документи кои биле или ќе бидат предмет на оцена.

За предметниот опфат како показател користени се одредбите од Условите за планирање на просторот изработени од Агенцијата за планирање на просторот - Скопје, Република Македонија.

Исто така, овој план е поврзан со:

  • Просторен план на РМ;
  • Стратегија за управување со води во РМ 2008-2020;
  • Национален план за управување со отпад;
  • Национална стратегија за економски развој на РМ 1998;
  • Национална стратегија за одржлив развој;
  • Втор национален еколошки акционен план на РМ;
  • Стратегија за демографски развој на РМ;
  • Стратегија за подигање на јавната свест во животната средина;
  • Стратегија за мониторинг на животната средина.

Целите на сите наведени плански документи ќе бидат усогласени со целите и содржините на планот и нема разлика во клучните одлуки.

Доколку потенцијалните влијанија на клучните одлуки во планскиот документ веќе биле предмет на оцена или веќе биле разгледани во други плански документи во некоја поранешна фаза, резимирајте ги главните заклучоци на таа оцена и како тие заклучоци се користени во процесот на одлучување. Опишете дали претхоходно спроведената оценка е направена согласно најновите сознанија за влијанијата врз животната средина со цел да може истата да се користи во процесот на усвојување на постоечкиот плански документ.

Нема спроведено претходна оценка.

Доколку потенцијалните влијанија од клучната одлука во овој плански документ ќе биде оценета во некоја подоцнежна фаза на планирање на пониско ниво, наведете како ќе обезбедите влијанијата што се утврдени во оваа фаза на донесување на планскиот документ да се земат во предвид при носењето на одлуката во подоцнежната фаза (пр. се спроведува стратегиска оцена на урбанистички план во кој се предвидува изграба на објект кој подлежи на постапка на оцена на влијанието врз животната средина).

Со овој Извештај за Стратегиска оцена на животна средина ќе се дадат генерални мерки и насоки кои ќе влијаат врз подобрувањето на животната средина и здравјето на човекот. Согласно Законот за животна средина и Уредбата за определување на критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оценка на влијанијата врз животната средина потребно е да се утврди потреба за спроведување на постапка за оценка на влијанието на проектот врз животната средина. Потребата од оцена на влијанијата врз животната средина ја донесува Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Согласно Законот за животна средина, како и Законот за заштита на природата, правните или физичките лица кој вршат дејности или активности кои не спаѓаат во проектите за кои се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина се должни да изготват Елаборат за заштита на животната средина, со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина, пред да започнат со спроведување на проектот и истиот да го достават до органот надлежен за одобрување на спроведувањето на проектот.

ИЗЈАВА

Изјавуваме дека податоците дадени во овој формулар се точни, вистинити и комплетни.

Функција, име и презиме и потпис на лицето кој го носи планскиот документ во име на органот

 

 

 

Градоначалник

Жанета Чаушевска

 

 

 

 

 

Бр. ___________

Датум 25.10.2016 год.

Место општина Градско

М.П.