Општина Градско за прв пат почна да спроведува буџетски форум

Општина Градско ја одржа првата форумска сесија на 30 септември, во присуство на 52 жители на општината, во просториите на винаријата „Стоби“. Буџетскиот форум, којшто за прв пат се одржа во рамки на програмата „Форуми во заедницата“, ја презентираше структурата на буџетот за 2017 година, како и идните стратешки приоритети на општината.
Жителите, чии дискусии и предлози се одвиваат согласно нивните интереси, го структуираа форумот со шест работни маси – Образование и култура, Спорт и рекреација, Комунални дејности, Урбанизам, Социјална заштита и Општинска администрација. 
Форумот формираше и работна група со по двајца членови од секоја работна маса којашто ќе учествува во работните средби помеѓу сесиите и ќе го мониторира буџетскиот процес и буџетското структуирање на предлозите од граѓаните.